Еурофарм Пелистер стигна до тешко извојувана, но значајна 33:30 (18:16) победа над украинскиот Мотор Запорожје во Диселдорф, Германија, со што се поставија во одлична положба да обезбедат пласман во осминафиналето на Европската лига на ЕХФ.
По тешкиот, но очекуван пораз од Фуксе Берлин во претходното коло, тимот на Ларс Валтерс ја забележа втората победа во четири кола, за да се на четвртото место во групата Д со ист скор како и третопласираниот тим на Бидасоа Ирун.
Мотор имаа подобар старт на мечот, поведувајќи со 3:1, пред Пелистер да направи пресврт и да поведе со 6:3, предност која потоа не ја испуштија до крајот на мечот. Себастијан Хенеберг беше убедливо најдобар на теренот со дури 14 постигнати голови, а Мирко Радовиќ додаде четири гола.
Фото: РК Еурофарм Пелистер
Извор: Топспорт