Најбогатиот човек на светот и објави војна на најголемата светска технолошка компанија.
Илон Маск го обвини Епл за цензура и монополски практики во серија твитови, тврдејќи дека компанијата престанала да се рекламира на Твитер и се прашува дали Епл и неговиот извршен директор „ја мразат слободата на говорот“.
Apple has mostly stopped advertising on Twitter. Do they hate free speech in America?
— Elon Musk (@elonmusk) November 28, 2022
„Епл се закани дека ќе го отстрани Твитер од својата дигитална продавница Ап стор, но тие не објаснија зошто“, напиша Маск на Твитер.
Apple has also threatened to withhold Twitter from its App Store, but won’t tell us why
— Elon Musk (@elonmusk) November 28, 2022
Маск, исто така, им се придружи на многу мали компании во бунтот против надоместокот од 30 проценти на Епл што компанијата го зема од секоја продажба преку Ап Стор.
Доколку Епл го блокира Твитер, новите корисници нема да можат да ја преземат апликацијата на нивните iPhone или iPad, а на постојните корисници ќе им бидат одбиени идните ажурирања.
Ова не е прв пат Маск да ја критикува продавницата за апликации на Епл. Тој во мај рече дека таксата од 30 отсто е „буквално 10 пати поголема отколку што би требало да биде“.
Во првиот квартал од оваа година, Епл беше најголемиот огласувач на Твитер. Компанијата потрошила 48 милиони долари за реклами на социјалната мрежа, според документот што го видел The Washington Post. Севкупно, рекламирањето на Епл на Твитер изнесува околу 4 отсто од приходите на Twitter во кварталот.