Папата испрати порака до Израел и Палестина: Насилството убива, барајте дијалог

Од:

Папата Франциск ги повика израелските и палестинските власти да ги засилат напорите за барање дијалог, по неодамнешните смртоносни бомбашки напади во Ерусалим и судирите на окупираниот Западен Брег.

Во неделниот благослов што се одржа денеска пред десетици илјади собрани на плоштадот Свети Петар, Светиот Отец рече дека насилството ја убива иднината на двата народа.

Да потсетиме, во средата две бомби експлодираа на автобуски станици во предградието на Ерусалим, при што загина 16-годишно момче, а најмалку 14 лица беа повредени. Се чини дека станува збор за напад на палестински милитанти. Од здобиените повреди вчера почина 50-годишен маж.

Доцна вечерта во вторникот, израелските воени сили убија 16-годишно палестинско момче во судирите во градот Наблус, окупиран од Израел, на Западниот Брег.

Папата рече дека е загрижен поради зголемувањето на насилството во последните месеци.

„Насилството ја убива иднината, ги прекинува животите на најмладите и ја ослабува надежта за постигнување мир. Да се ​​молиме за овие млади луѓе кои загинаа и за нивните семејства, особено за нивните мајки. Се надевам дека и израелските и палестинските власти ќе се ангажираат повеќе силно во барањето меѓусебен дијалог, градење меѓусебна доверба, без која никогаш нема да се најде решение за мир во Светата земја“, заклучи папата.

Би можело да ве интересира

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски