Иако Апелациониот суд претходно ја потврди мерката притвор на медицинските сестри кои беа уапсени на почетокот на месецов за малтретирање на постара жена – жителка на Домот за стари лица во Пеќ, Врховниот суд ги ослободи.
Приведувањето на овие сестри А.Р., А.П. и Р.К, се случи на 2 ноември, а откако на социјалните мрежи се појави видео кое сведочи за сцена на насилство во која едната од уапсените физички нападнала постара жена, додека другата снима, јавува КоССев.
Bože, osuši im ruke 🙏🙏🙏 pic.twitter.com/pjKqgc9KDE
— rođenNAOPAČKE (@izlozba_poroka) November 2, 2022
Пред една недела беше потврдена одлуката на Основниот суд во Пеќ за мерката притвор на овие медицински сестри. Овој суд сметаше дека со нивното ослободување постои опасност да се влијае врз сведоците, жртвата или оној кој бил директен сведок на местото на насилството.
Но, Врховниот суд донесе одлука да ги промени претходните одлуки, а овие медицински сестри да ги ослободи.
„По службена должност за А.П. и Р.К. се менува решението на Основниот суд во Пеќ и решението на Апелација со укинување на притворот на обвинетите“, изјави портпаролката на Врховниот суд, Антигона Ука-Љуфтиу.