Бешлиовска: Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и се откажуваат од професијата

Од:

Медицинските сестри масовно заминуваат од државните болници во приватните, но и во странство, а има и такви кои заминуваат од професијата, алармираа денеска од Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки „За нас“.

– Заминуваат и сестри кои се повозрасни, со повеќе работен стаж, а тоа што нас најмногу не загрижува е тоа што не заминуваат само во приватниот сектор или во странство, туку заминуваат од професијата, одат да работат нешто друго, истакна претседателката на Здружението Гордана Бешлиовска на прес-конференција.

Таа потенцираше дека бараат стратегија за медицинските сестри, да се признаe нивното образование, како и да се инвестира во нивното образование и едукација.

– Сестрите не се само бројки и коефициенти, тие не се само преточени во барања за плата. Нас ни фали приоритет, внимание, инволвирање во здравствените политики, ни требаат можности за да кажеме што е потребно за нас, рече Бешлиовска.

Таа истакна дека во болниците има сестри со завршено средно образование кои имаат неверојатни вештини и знаења и апелираше да се врати нивниот авторитет бидејќи, како што рече, тие се оние кои треба да ги едуцираат младите сестри.

Бешлиовска се осврна и на Вториот конгрес на медицински сестри што се одржа од 13 до 15 октомври во Струга на кој, како што рече, бил поканет и министерот за здравство, кој бил оправдано отсутен поради деловно патување.

Би можело да ве интересира

Конечно на дневен ред еден од многуте проблеми со кои се соочуваат медицинските сестри

Предраг Петровиќ

Признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во регионот

Срамна одлука на Врховниот суд: Медицинските сестри кои беа уапсени за малтретирање старица ослободени од притвор

А1он

Медицински сестри во САД заработиле 1,5 милиони долари од фалсификување сертификати за вакцинација

Медицинските сестри бараат да им се признае високо медицинско образование

Жарко Настоски

ВИДЕО: Гневен пациент влета во амбуланта во Сараево и тепаше медицински сестри што не му се јавувале на телефон

Жарко Настоски