(ВИДЕО) Киев повторно има струја и вода: Нема да не скршат

Од:

Струјата постепено се враќа во Киев. Главниот украински град имаше проблеми со снабдувањето со електрична енергија по жестокиот руски напад во средата во кој беа погодени бројни инфраструктурни цели. Покрај струја жителите на Киев беа и без вода и без греење.

Синоќа струјата се врати во голем дел од градот, а на социјалните мрежи се споделуваат видеа од реакцијат на жителите кога во нивните домови повторно има светлина.

Во редовното видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски ги пофали Украинците за нивниот дух на отпор кон руската инвазија. „Издржавме девет месеци сеопфатна војна и Русија не најде начин да нè скрши. И тоа нема и успее“, рече украинскиот лидер.

Зеленски, исто така, призна колку е тешко да се обнови снабдувањето со електрична енергија и вода по нападите во средата врз цивилни цели, кои тој ги нарече „одмазда на оние што загубија“.

Би можело да ве интересира

Пресврт: Трамп сега „е импресиониран“ од успесите на Украина во војната со Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Рестрикции на гориво во Русија, долги редици на бензинските

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците жестоко го нападнаа Крим

Русите се пробија во клучниот град во Донбас. Украинци: Падот на градот е прашање на време

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Експлозии во руски милионски град, Украинците ја објавија целта

ВИДЕО: Забрана за продажба на гориво на Крим, оргомни колони за бегство од полуостровот

Катерина Ѓуровски