Пивото е една од главните теми меѓу навивачите во Катар.
Бедна грчка салата од 10 евра или речиси 100 евра за пет пива, два минијатурни плескавици и помфрит не звучи како најдобра вредност за парите, на што се жалеа навивачите на Светското првенство во Катар.
Неволјите поради алкохолот и скапата храна деновиве се честа тема меѓу фановите.
Од почетокот беше јасно дека ова првенство ќе се разликува од претходните, но имаше надеж дека ќе може малку послободно да се ужива во пивото. Но, на стадионот е дозволено само безалкохолно пиво, а забрането е носење сопствен (алкохолен) пијалок.
Пиво може да се пие само во фан зони или лиценцирани хотелски барови или клубови на кои им е дозволено да продаваат алкохол на странци, а медиумите пишуваат дека за шише пиво плаќаат и до 30 евра. Мало увезено безалкохолно пиво во ресторан или бар чини 13 евра, пренесува Pun kufer.
А сето тоа е подобро отколку да те фатат како пиеш на јавно место – во Катар казните за пиење алкохол на недозволени места или пијано однесување на јавно место се до шест месеци затвор и/или парична казна од околу 800 евра, а за увоз, извоз или производство на алкохолни пијалоци може да се казни со три години затвор и над 2.500 евра, пишува dohaguides.com.
Инаку, и кога не е центар на фудбалскиот свет, Катар е една од поскапите земји на Блискиот Исток.