Политико: Путин би можел да употреби хемиско оружје, вклучувајќи го и она со кое беше труен Навални

Од:

Официјални лица од администрацијата на Бајден проценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да употреби хемиско оружје во Украина доколку руските војници продолжат да губат територии во Украина. Тие потврдија дека администрацијата на Бајден се обидува да се подготви за ваков настан преку инвестиции во производство на системи за брзо откривање на хемиски напад, пишува Politico.

Тие тврдат дека немаат разузнавачки информации кои сугерираат дека е неизбежен хемиски напад. Напротив, многу претставници на Министерството за одбрана очекуваат борбите да престанат во текот на зимските месеци и ниту една од страните нема да може да заземе многу терен.

Меѓутоа, во случај на континуирани загуби на бојното поле или целосен колапс на руската војска, некои високи функционери веруваат дека Москва би можела да прибегне кон употреба на хемиско оружје, вклучително и она што беше употребено во труењето на Алексеј Навални. Неименуваниот функционер рече дека таков напад може да вклучува хемикалии кои лесно се сокриваат, што им отежнува на западните земји да ја докажат руската вина.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски