Бебето кое загина во рускиот напад на породилиштето имало само два дена

Од:

Бебето кое загина во рускиот напад на породилиштето во градот Вилњанск имало само два дена, изјави украинската прва дама Олена Зеленска, пренесе Си-Ен-Ен.

„Злосторствата на Руската Федерација се луди. Синоќа нападнаа породилиште во регионот Запорожје, беше убиено момче од два дена“, напиша Зеленска на Твитер.

„Болката е страшна. Никогаш нема да заборавиме, никогаш нема да простиме“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно го осуди нападот. „Непријателите уште еднаш се обидоа со терор и убиства да го постигнат она што не можеа да го направат девет месеци“, рече тој.

Породилиштето било погодено од ракета С-300, соопшти Украинското обвинителство. „Бебето е убиено, а лекарот и акушерката се повредени. „Во нападот беа оштетени и приватни куќи“, соопшти обвинителството.

Обвинителството покрена истрага за прекршување на воените закони, вклучително и убиство со умисла, објавија на Телеграм.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород

ВИДЕО: Над 30.000 Руси јуришаат на Харков, продолжува евакуацијата на населението

Катерина Ѓуровски