Во руски напад загина новороденче во Украина

Од:

Регионалниот гувернер на Запорожје, Олександр Старук, утринава преку Телеграм објави дека во руски ракетен напад врз породилиште во градот Вилњанск во областа Запорожје загинало новороденче.

Во тек е 273-от ден од специјалната воена операција што Русија ја спроведува во Украина.

Локалните власти на Крим, кој е под руска контрола, соопштија дека вчера над Севастопол биле соборени два дрона.

Украинската влада ги повика граѓаните на Херсон да се евакуираат во побезбедни региони на земјата во текот на зимата.

Како што се наведува во соопштението на Генералштабот на вооружените сили на Украина, руските трупи ги концентрираат главните напори на офанзивата во правците Артјомовски и Авдеевск.

Најжестоки борби се водат на истокот на Украина, во регионот на Донбас, а целата земја се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород

ВИДЕО: Над 30.000 Руси јуришаат на Харков, продолжува евакуацијата на населението

Катерина Ѓуровски