(ВИДЕО) Пропагандистите на Путин ја избраа следната цел за инвазијата

Од:

Во емисијата на истакнатиот пропагандист на Путин, Владимир Соловјов, гостите разговараа за следните потези на Русија во надворешната политика. И покрај тоа што руските воени сили не постигнаа огромен воен успех на бојното поле во Украина, гостите на руската државна телевизија разговараа за следната цел за инвазија.

Антон Герашенко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави клип од шоуто на кој се гледа како Казахстан е посочен како цел за потенцијална инвазија во иднина.

„Да обрнеме внимание на фактот дека нашиот следен проблем е Казахстан, бидејќи таму можат да започнат истите нацистички процеси како во Украина“, вели еден од гостите на емисијата.

Соловјов потсети на фактот дека Русија има најдолга граница со Казахстан.

„И многу Руси се таму. А нуклеарното гориво за целиот наш Росатом е таму“, додаде првиот говорник.

Да потсетиме, Росатом е руска државна агенција за нуклеарна енергија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород

ВИДЕО: Над 30.000 Руси јуришаат на Харков, продолжува евакуацијата на населението

Катерина Ѓуровски