Единаесет жртви при превртување на автобус во Мароко

Од:

Единаесет луѓе загинаа, а 43 се здобија со повреди, при превртување на автобус денеска близу источниот марокански град Таза, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Официјалната новинска агенција МАП извести дека следува истрага за да се открие причината за несреќата.

Повредени патници се префрлени до блиска болница.

Претходно, локални медиуми јавија за обилен дожд во областа.

Несреќите на патиштата во Мароко се чести, особено кога тие се поплавени од обилниот дожд.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Мароко повторно ја отвори својата амбасада во Ирак по 18 години отсуство

Ана Ололовска

Умерен земјотрес регистриран во Мароко

Ана Ололовска

Мароканците предизвикаа нов хаос во Париз: Насекаде крв, оган и судири со полицијата

Ана Ололовска