Вестервеле: Германија нема да учествува во нападот на Сирија

Од:

Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле денеска ја отфрли можноста Германија да учествува во евентуалниот воен удар на Сирија.

Вестервеле за весникот „Ноје Оснабрикер Цајтунг“ рече дека воена акција од Германија не е побарана, ниту земјата таква можност разгледува.

– Се залагаме Советот за безбедност на ОН да изнајде заедничка позиција и инспекторите на ОН што побрзо да ги состават извешатиет, рече Вестервеле.

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин вчера се согласија дека е неопходно СБ на ОН прво да го проучи извештајот на експертите на ОН за хемискиот напад во Дамаск.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија