Уапсен шверцер на мигранти од Скопје

Од:

Полицијата вчера на автопатот Гевгелија-Демир Капија, после тунел „Јаворица“ го уапсила А.А.(42) од Скопје, затоа што тој со возило „фолксваген пасат“ превезувал двајца мигранти од Сирија.

Претходно, во 20.15 часот на наплатната рампа Смоквица, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото продолжил кон клучка Миравци, се исклучил, па веднаш се вратил на автопатот. По преземени мерки, во 21.30 часот тој бил запрен и лишен од слобода, а набргу кај клучка Миравци биле пронајдени и мигрантите.

„По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската