ВИДЕО: Расте бројот на загинати во Москва

Од:

Бројот на загинати во пожарот, кој во неделата избувна во цветен магацин во центарот на Москва, се искачи на седум.

„Седмото тело е пронајдено“, изјави денеска за агенцијата ТАС С службеник од итната помош.

Пожарот кој избувна вчера околу 15 часот во цветен магацин на плоштадот Комсомолски во центарот на Москва, зафати 2.500 квадратни метри.

На пожарникарите им биле потребни девет часа за да го изгаснат пожарот.

Седум лица беа евакуирани од објектот.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека во гаснењето на пожарот учествувале 42 против пожарни возила и 121 пожарникар.

Би можело да ве интересира

Судот во Москва му одредил притвор на продуцент на Ројтерс

Горан Наумовски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски