„Катимерини“ за малтретирањето македонски граѓани на грчките граници

Од:

Иако македонските граѓани секојдневно се жалат до грчката дипломатска мисија дека при преминувањето на македонско-грчката граница се подложени на контрола од страна на „надуени типови“ од Златна зора, грчката полиција досега нема уапсено никого.

Ова денеска го пишува новинарот Ставрос Цима  во колумна за весникот „Катимерини“, посветена на „нестабилните односи на Грција со соседните земји“ и за инцидентите кои се случуваат на грчките граници.

Тој нагласува дека членовите на неофашистичката партија насилно ги отстрануваат регистарските таблички од македонските автомобили кои имаат македонска ознака и кршат шофершајбни.

„Насилниците во црна облека не поставуваат блокади само на границата. Тие со истата намера се појавија и во внатрешноста, во одмаралиштата на Халкидики  и Пиерија. Тажно е што и покрај жалбите досега никој не е упасен од страна на грчката полиција. Владата мора да се справи со овој феномен во зародиш, пред да се впуштиме во опасни авантури со своите соседи“, се вели во коментарот објавен во „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски