Во Албанија во септември 40 отсто повеќе туристи споредено со истиот месец минатата година, за девет месеци ја посетиле 6,4 милиони

Од:

Албанскиот туризам и во септември бележи позитивни резултати, па повеќе од сигурно е дека оваа ќе биде најдобра година за овој сектор.

Податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, покажуваат дека хотелите и другите сместувачки капацитети во септември примиле околу 40 отсто повеќе посетители во однос на септември минатата година а за 16 отсто е поголем и бројот на ноќевања.

Најпосетувани, во овој период, биле централниот регион на Албанија како и крајбрежните области. Очигледно, туристите избрале покрај брегот да ги посетат и културните знаменитости, но не само она што го нуди главниот град, туку и другите градови во Албанија.

Туризмот годинава бележи раст на бројот на туристи но и на приходот остварен од нив. Според ИНСТАТ, од почетокот на годината до крајот на септември во земјава влегле 6,4 милиони странски државјани, речиси 32 отсто повеќе споредено со истиот период од минатата година.

Само за првите 6 месеци од годинава приходот од туризмот достигна 1,13 милијарди евра, што е за 64 отсто повеќе од 2021 година. Бројот на туристи и приходот не е поголем само во однос на минатата, туку и во однос на 2019 година, која се смета за најуспешна година. Најбројни и понатаму се косовските и македонските туристи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Катерина Ѓуровски