Кина објави дека ја забележала првата смрт од коронавирусот за речиси половина година, пренесува ABC News. Смртта на 87-годишен старец од Пекинг е прва пријавена од 26 мај, со што вкупниот број на починати во Кина се искачи на 5.227. Претходната смрт беше пријавена во Шангај, кој забележа голем пораст на случаите во текот на летото.
Додека Кина има вкупна стапка на вакцинација од повеќе од 92% кои примиле барем една доза, бројот е значително помал кај постарите лица, особено кај оние над 80 години. Комисијата не соопштува детали за статусот на вакцинација на починатиот. Таа ранливост се смета за една од причините зошто Кина претежно ги држеше своите граници затворени и се држи до својата строга политика за коронавирус.
Во главниот град Пекинг, на жителите им беше кажано да не патуваат меѓу градските области, а многу ресторани, продавници, трговски центри, деловни згради и станбени блокови беа затворени или изолирани. Кина денеска пријави 24.215 нови случаи, од кои огромното мнозинство се асимптоматски.