Полска му забрани на Лавров да влезе во земјата, Русија се налути

Од:

Русија ја осуди и ја оцени како провокативна одлуката на официјална Варшава која одби да му дозволи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да влезе на нејзина територија каде што требаше да учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на ОБСЕ.

– Одлуката на Полска е провокативна и без преседан, се вели во соопштението на руската дипломатија.

Варшава не само што се дискредитираше на овој начин, туку и нанесе непоправлива штета на авторитетот на целата организација за европска безбедност и соработка, се вели во соопштението.

Полска, која го организира министерскиот состанок на ОБСЕ на почетокот на декември, вчера соопшти дека на Сергеј Лавров му бил одбиен влез на полска територија.

– Очекуваме Руската Федерација да ги избере членовите на својата делегација во согласност со сегашните прописи, изјави извор од ротирачкото полско претседателство со ОБСЕ. Истиот извор рече дека руската делегација не треба да испраќа „лица кои се санкционирани од Европската унија“ на состаноците по руската офанзива врз Украина која започна на 24 февруари, а меѓу нив е и Сергеј Лавров.

Состанокот на 57-те министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе се одржи на 1 и 2 декември во Лоѕ, град во централна Полска. Официјална Москва соопшти дека руската делегација ќе ја предводи рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевич.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година