Има „еднакво незадоволство“ на сите страни на климатската конференција КОП27 во услови на несогласувања за главните прашања, соопшти домаќинот Египет.
Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри, кој претседава со конференцијата, рече дека на преговарачките групи им презентирал нацрт-текст за клучните прашања.
– Како што може да претпоставите, ниту една од групите не можеше да каже дека сите нивни интереси се одразени, рече тој на брифинг со новинарите, јади ДПА.
– Но, огромно мнозинство од страните ми посочија дека го сметаат текстот како избалансиран и дека претставува потенцијален пробив што може да доведе до консензус, нагласи Шукри.
Извор: МИА