Италијанската премиерка побара целосна посветеност на сите земји во борбата против климатските промени

Од:

Новата италијанска крајнодесничарска премиерка Џорџа Мелони повика на поголема акција против најголемите климатски „грешници“ меѓу државите.

Говорејќи синоќа на англиски на Светската конференција за климата во Египет, Мелони рече дека борбата против климатските промени е заеднички напор и бара целосна посветеност на сите земји и меѓународни актери.

– За жал, мора да признаеме дека тоа не се случува, нагласи таа. Најпосветените земји ризикуваа да платат висока цена за разлика од најодговорните за емисиите на јаглерод диоксид на Земјата.

– Тоа е парадоксално и потребни се мерки за да се реши оваа нерамнотежа, потенцираше Мелони.

Таа оцени дека доколку ова не успее, „сите напори и настани, како што е состанокот COP27 во Шарм ел Шеик, би можеле да бидат залудни“. – Светот е во клучен момент во историјата и мора да најде решенија сега, тоа им го должи на следните генерации, изјави италијанската премиерка.

Мелони нагласи дека Италија сака да продолжи со својата силна посветеност на намалување на емисиите на јаглерод диоксид и исполнување на целите од Парискиот климатски договор.

Оваа медитеранска земја се стреми кон позелени извори на енергија и подобра диверзификација воопшто. Неодамна новата премиерка изјави дека може да замисли повеќе соларни централи на југот на Италија. Во исто време, најави дека сака да извлече повеќе природен гас од италијанското тло и море за да стане понезависна државата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим