ВИДЕО: Три сексуални работнички убиени во Рим, полицијата трага по сериски убиец

Од:

Полицијата во Рим трага по потенцијален сериски убиец откако во два стана во луксузниот кварт Прати беа пронајдени тела на три жени. Две сексуални работнички, за кои се верува дека се на возраст меѓу 40 и 50 години, биле пронајдени избодени до смрт во стан на Виа Аугусто Риботи.

Портирот на прагот од станот го пронашол телото на една од убиените жени, додека друго тело било пронајдено внатре во зградата.

Телото на третата сексуална работничка која беше избодена до смрт, го пронашла нејзината сестра во подрумски стан во блиската улица. Се верува дека таа е убиена пред другите две жртви.

Убиствата се случија на неколку стотини метри од Врховниот суд на Италија, во елитна населба во која во последниве години се зголемија криминалните мрежи кои водат бизниси со проституција.

Извор од римската полиција изјави дека иследниците работат на теоријата дека жените биле убиени од едно лице.

Поради убиствата, се зголемуваат повиците проституцијата да стане регулирана професија во Италија со цел да се заштитат сексуалните работници. Италија дозволува улична проституција, но организираната проституција и борделите се нелегални.

„Овие убиства се ужасни“, рече Ермина Гбидо од Комитетот за граѓански права на проститутките, непрофитна организација основана во 1982 година од сексуални работници за борба против трговијата со луѓе и поддршка на луѓето во оваа професија.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија