Жителите на Дебар Маало да аплицираат за нова налепница за ЈП Паркинзи

Од:

Се известуваат жителите на населба Дебар Маало, корисници на услугите на ЈП Паркинзи на општина Центар, дека договорите им истекуваат заклучно со 01.09.2013 (Недела).

Ова значи дека ќе треба да ги обноват истечените договори, односно повторно да аплицират за нова налепница, за да може да ги користат поволностите што ЈП ПОЦ ги нуди, веќе од 02.09.2013 (Понеделник).

За да го обновите истечениот договор потребно е да доставите: Лична карта (оригинал на увид) Сообраќајна дозвола (оригинал на увид), еднократниот надоместок за обновување на истечен договор изнесува 100 денари.

По обновување на истечениот договор се склучува нов договор од траење на 1 година. Со обновување на договорот добивате нова налепница, со која ќе можете бесплатно да го паркирате својот автомобил на отворените паркинзи во зона1 и зона2. Поволностите за бесплатен паркинг нема да можете да ги користите во 0 зона, на резидентните улици и паркиралишта, на јавните паркиралишта од затворен тип.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сакаше да излезе од паркинг, па удри во шест автомобили

А1он

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ