Во Белград Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија

Од:

Во Белград почна Конференцијата за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан во организација на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Кралството Норвешка на која учествува и ќе говори премиерот Димитар Ковачевски како и премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

Целта на Конференцијата е пред инвеститори од Кралството Норвешка да се презентираат можностите за инвестирање во капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан.

На официјалното започнување на Конференцијата на која воведни обраќања имаа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Андреас Б. Ериксен, заменик министерот за енергетика и специјалниот пратеник на премиерот на Кралството Норвешка. Претходно претседателот Вучиќ и заменик министерот за енергетика Ериксен ги пречекаа лидерите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Среќен роденден и среќно преземање на должноста

А1он

ВИДЕО: Александар Вучиќ поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Рама во центарот на хаосот во Њујорк: Демонстранти го гаѓаа со јајца и му викаа

Рама: Џо Бајден го изневери Хашим Тачи

А1он

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Вучиќ за пресудите против лидерите на ОВК: Судскиот совет не утврди систематски напади врз цивилното население

А1он