Во Франција уапсени 48 лица за користење на детска порнографија, меѓу нив и неколкумина локални функционери

Од:

Четириесет и осум лица, осомничени дека масовно преземале и гледале слики и видеа со детска порнографија, вчера и денеска се уапсени во Франција. Меѓу нив има локални избрани функционери и луѓе кои работат во контакт со млади малолетни лица, јави дописникот на МИА.

Овие лица се уапсени низ целата територија на Франција, за време на операција координирана од ОЦРВП (Централна канцеларија за сузбивање на насилството врз лица), дознава Франсинфо од полициски извори.

Во моментов уапсените се во полициски притвор. Цел била лица осомничени за масовно користење детска порнографија, понекогаш со „особено насилна“ содржина, наведува полицискиот извор.

Сите уапсени се мажи, главно на возраст од околу четириесет години. Најмладиот има 26 години, најстариот 79 години. Засегнати се сите социјални категории: избрани функционери, работници, раководители, но и пензионери.

Покрај сомнежите за користење детска порнографија, целта на истражителите за време на полицискиот притвор е да откријат дали некои од овие мажи биле способни да преземат акција и на тој начин би можеле да бидат цел на кривично гонење за детски криминал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт