Пренџов: Димовски од АНБ не дојде на собраниска комисија, од денот на поднесување на документи за државјанство до денес Онишченко е на црна листа на САД

Од:

Денесka се одржа седница на комисијата за надзор над работата на АНБ и АР. Директорот Димовски не присуствуваше поради предходно договорено патување во странство. Седницата ќе продолжи во петок, (со присуство и на директорот на АНБ)со почеток во 12 часот напиша претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов.

-Јавноста ја интересираат одговорите и коментарите од страна на Димовски за следниве прашања: Дали АНБ знаела дека А. Онишченко од денот кога ги поднел документите за македонско државјанство до денешен ден е на црната листа на САД. Дали АНБ добила информација дека Онишченко е осомничен за криминал и перење пари во вредност од над 100М€ во својата матична држава Украина. Истиот бил и пратеник во Украина но тамошното Собрание му го одзело мандатот. До ден денешен е лице кое се бара и има распишано потерница по него од страна на Украина. Господинот исто така има и руско државјанство. Како АНБ констатирала дека има “чисто досие” пишува пренџов во реакцијата на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска