Подољак: Русија е виновна за сите ракетни инциденти

Од:

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека Русија е виновна за сите „ракетни инциденти“ откако изврши инвазија на неговата земја коментирајќи го падот на ракетите во Полска.

„Според мене, овде треба да се занимаваме само со една логика. Војната ја започна Русија. „Русија масовно ја напаѓа Украина со крстосувачки ракети“, рече Подољак, пренесе Ројтерс.

Тој ова го соопшти откако американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека ракетата најверојатно не била истрелана од Русија.

„Русија го претвори источниот дел на европскиот континент во непредвидливо бојно поле. Намерата, средствата за извршување, ризиците, ескалацијата – сето тоа е само Русија. И не може да има друго објаснување за какви било инциденти со проектили“, рече Подољак.

Полските власти објавија дека две лица загинале во експлозија во областа Хрубешов во источна Полска, но без да потврдат дека се работи за руски проектил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск