ВИДЕО: Скопје веќе е угушено во загадениот воздух, гледано од птичја перспектива

Од:

Скопје и скопските улици не се гледаат. Со почетокот на грејната сезона почнаа и проблемите на жителите. Загадувањето на воздухот не само што се чувствува, туку се и гледа, преку густата магла која го покрива градот. Зголемена е и концентрацијата на честички кои се штетни за здравјето. И онлајн сервисите кои ги анализираат резултатите од мерните станици, за квалитетот на воздухот денеска, посочуваат: „нездраво“.

„А1он“ направи снимки од главниот град. Иако дел од домаќинствата се уште не започнале со грејната сезона на шпорети и грејни тела кои го загадуваат воздухот, загаденоста и се гледа, и се чувствува. Веќе на 400 метри височина, Скопје, не се гледа.

„Концентрацијата на PM2,5 во Скопје во моментов е 20,3 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на СЗО“, стои на сајтот „IQAir“.

Поради нивото на загаденост, веќе се препорачува носење на маски на отворено, користење на прочистувач на воздух, затворање на прозорците за да се избегне нечистиот воздух, избегнување на вежбање на отворено.

Гледано по мерни станици, најголема загаденост според квалитетот на воздухот, се забележува во Центар, Ректорат, Гази Баба, Лисиче. Позитивно е што засега, Македонија, не се вбројува во државите кои се со најзагаден воздух.

Проблемите со загадениот воздух се секоја година. Локалната и централната власт постојано вели дека ќе се справи и дека има план, но и натаму, скопјани, но и скоро цела Македонија се гуши во текот на грејната сезона.

Штетните честички во воздухот во Македонија, според Информативниот центар за животна средина, биле најприсутни во 2012, извесно намалување имало во следните години, за во 2015 да повторно да почне нагло да се зголемува.

Според светските статистики, во деновите кога штетните честики се зголемени, ризикот за исхемичен мозочен удар е зголемен за 34 проценти. Освен врз мозокот, загадениот воздух има ефект и врз работата на срцето и белите дробови, а поврзан е и со дијабетесот.

Во Македонија, 25 проценти од смртните случаи од срце и мозочни удари, како и 4,6 проценти од рак на белите дробови се од аерозагадувањето, пишува во анализите на Институтот за јавно здравје. Според истите студии, ако загадувањето е намалено, животот на овие болни би се продолжил за две ипол години.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза