Стано: ЕУ работи на надминување на спорот со Белград и Приштина, но не даде детали за средбите

Од:

Портпаролот за надворешни работи во Европската Комисија, Петер Стано, изјави дека ЕУ работи на надминување на спорот со Белград и Приштина, но не даде детали за средбите.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, вчера најави дека преговарачките тимови “веднаш“ почнуваат со работа и најави дека истиот ден пристигнува дел од нив.

Денеска на редовниот брифинг за новинари во Европската Комисија, Петер Стано рече дека “не даваме детали за напорите“ што се водат од страна на ЕУ на сите нивоа.

Борел минатата недела се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти во Париз. Вчера од Брисел Борел предупреди дека Косово и Србија се на раб на најопасната криза од 2013 и дека се потребни напори за надминување на спорот околу регистарските таблици за српската заедница на северот на Косово.

Приштина исто така одбива да ја примени одлуката од Бриселскиот договор за формирање на Заедница на српски општини.

Србите на Косово од своја страна ги напуштија институциите на северот од земјата, создавајќи “вакуум“ кој може да биде “опасен“ според Борел.

-Очекуваме напредок за деескалација и подготвеност да се оди напред, рече попладнево Стано.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“