(ВИДЕО) Зеленски го посети Херсон и разговараше со војниците: Среќен сум поради ослободувањето

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети градот Херсон, неколку дена откако беше ослободен од украинските војници. Тој разговараше со војниците собрани во градот, велејќи дека Украина „се движи напред“ и е подготвена за мир.


Загубата на Херсон, која падна во руски раце во раните фази на инвазијата, претставуваше голем пораз за Русија.

Москва го прогласи за административен центар на анектираната област Херсон, јавува Би-Би-Си.

Украинските војници влегоа во градот минатиот петок, за прв пат од март.

Во следните денови, локалните жители беа снимени како слават додека некои повторно се собраа со саканите што ги немаа видено со месеци.

Зеленски им кажа на војниците во понеделникот дека Украина е „подготвена за мир, мир во целата земја“, објави Ројтерс.

Тој им се заблагодари на НАТО и другите сојузници за поддршката на војната против Русија, додавајќи дека артилериските системи ХИМАРС од САД претставуваат голем чекор за Киев.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ