На 12.11.2022 околу 14.30 часот на патот Демир Капија – Неготино, на место викано „Јела“ од полициски службеници од Полициска станица Неготино биле лишени од слобода С.Ф.(26) од Скопје, кој управувал патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, и А.Ќ.(20) од Гевгелија, кој управувал патничко моторно возило „сеат“ со гевгелиски регистарски ознаки, затоа што во возилата биле пронајдени шест лица мигранти (пет од Сирија и едно од Пакистан).
За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.