Демократите на Бајден се поблиску до освојување на Сенатот

Од:

Демократот Марк Кели го победи републиканецот Блејк Мастерс во трката за Сенатот во американската сојузна држава Аризона, што резултираше со тоа што ситуацијата во горниот дом на Конгресот стана рамноправна по среднорочните избори одржани на 8 ноември, односно двете партии имаат по 49 места.

Демократите сега се само уште една држава поблиску (Џорџија или Невада) од освојување на мнозинството во Сенатот, бидејќи во случај на нерешено (50:50), Демократската партија има мнозинство бидејќи може да смета на гласот на САД, односно потпретседателката Камала Харис.

Дека во Џорџија ќе има повторени избори е речиси сигурно, со оглед на тоа што ниту еден од кандидатите не ги надмина потребните 50 отсто од гласовите, додека, според проекциите на „Си-Ен-Ен“, во Невада станува збор за тесна битка.

Републиканецот Адам Лексолт има 821 глас повеќе од демократот Кетрин Кортес Масто, врз основа на 94 отсто преброени гласови од Невада.

Што се однесува до Претставничкиот дом, републиканците се поблиску до победа, бидејќи имаат 211 места, додека демократите имаат 203.

Пребројувањето на гласовите за Претставничкиот дом се уште не е завршено, а за мнозинство се потребни 218 од 435 места.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски