Дарманин: Девет европски земји ќе примат мигранти од бродот „Оушн Вајкинг“

Од:

Девет европски земји се обврзаа да прифатат „две третини“ од 234 мигранти кои ги зеде бродот „Оушн Вајкинг“ (Ocean Viking), што денеска треба да пристигне во Тулон во југоисточниот дел на Франција, информираше синоќа францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Бродот на невладината организација СОС Медитеран (SOS Méditerranée) ќе пристигне во военото пристаниште во Франција, соопшти француската Влада во ек на растечки тензии со Италија, земјата што одби да ги прими.

Како што истакна францускиот министер во телевизиско интервју, Германија треба да прими над 80 лица.

Хрватска, Романија, Бугарија, Литванија, Малта, Португалија, Луксембург и Ирска, исто така ќе прифатат мигранти во име на „европската солидарност“.

Прифатените бегалци се оние кои имаат право на азил, додаде министерот. Потоа, тој повтори дека тие, кои немаат услови за азил, ќе бидат вратени директно во нивните земји.

Министерот појасни дека воспоставени се контакти со овие земји, со цел да се постапи според процедура со што се овозможува да се протераат оние, кои не ги исполнуваат условите за азил.

Патниците на „Оушн Вајкинг“ се од Бангладеш, Еритреја, Сирија, Египет, Пакистан, Мали, Судан и Гвинеја, изјавија извори блиски до францускиот министер.

Дарманин повторно го осуди „нехуманиот“ став на Италија, која одби да дозволи закотвување на бродот „Оушн Вајкинг“, па додаде дека веќе распоредила 500 француски полицајци се на италијанската граница, со цел да можат да ја контролираат подобро.

Од почетокот на годината, 1.765 мигранти исчезнаа во Медитеранот, од кои 1.287 во централниот, најопасната мигрантска рута на светот, покажаа податоците на Светската организација за миграција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата