Сојузник на рускиот лидер: Можно е САД и Британија да планираат да го убијат Путин

Од:

Владимир Путин нема да присуствува на самитот на Г-20 во Индонезија следната недела, потврди индонезиската влада.

Сергеј Марков, поранешен близок советник на Путин, тврди дека постои „голема можност разузнавачките служби на САД, Велика Британија и Украина да планираат да го убијат Путин“.

Пишувајќи на својот профил на Телеграм, тој го наведе и „можното создавање на понижувачки ситуации“ како причина за неприсуството на Путин. Марков, исто така, рече дека по предавањето на Херсон, други земји би можеле да извршат притисок врз Русија да се согласи на „меко предавање“.

Марков тогаш ја осуди најавата на Русија за повлекување од Херсон. Тој рече дека предавањето на областа е „најголемиот геополитички пораз на Русија од распадот на СССР“.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија