Ученици во Врање тепани и врзувани: Ги терале да шетаат голи низ училница

Од:

Случај на насилство меѓу ученици се случил во училиште во Врање, дознава „Новости“.

Од обвинителството во Врање за „Новости“ потврдија дека возрасен ученик од околината на Бујановац се товари за кривично дело злоупотреба и тортура, додека малолетник е обвинет за насилничко однесување.

Насилниците ги принудувале малолетните ученици да се соблекуваат и да шетаат голи низ училницата и сето тоа го снимиле со своите мобилни телефони.

Според сознанијата на порталот, случајот кај надлежните органи бил пријавен во вторник на 10-ти ноември, а за се е известен и Центарот за социјална работа.

Случајот се случил во училницата, кога најпрвин малолетниот ученик удрил малолетник и го принудил да удри со главата во училишната клупа, додека на друг ученик му ставил јаже околу вратот, додека друг возрасен ученик го удрил во пределот на главата.

Би можело да ве интересира

Два земјотреса кај Врање

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Левица: Директорот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски ги уценува родителите на затруените деца

Горан Наумовски

Училишните клупи празни, наставничките канцеларии преполни, велат од Левица

Горан Наумовски

Новата учебна година ќе почне за 245.000 ученици во основните и средните училишта

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост