(ВИДЕО) ЕВН ќе ги исфрли општините, казината и супермаркетите од регулираниот пазар, Бектеши ги пријави во финансиска полиција

Од:

Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме ќе ги исфрли од регулираниот пазар сите фирми и општини кои во последните седум месеци го злоупотребија енергетскиот систем и плаќаа цена како домаќинства.

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека тие имаат рок до 1 декември сами да излезат од пазарот, во спротивно универзалниот снабдувач ќе преземе обврска да ги отстрани и тие да продолжат да купуваат струја на слободниот пазар.

– Злоупотребите што го направија компаниите и општините, а кои нашето министерство ги детектираше уште во месец март веднаш по почнувањето на енергетската криза, ќе завршат наскоро. Сите имаат рок до 1 декември да се исклучат од регулираниот пазар, после тоа ЕВН ќе преземе обврска да ги отстрани. Ние како министерство доставивме извештаи со сите компании до финансиската полиција.
Нивната цел беше да избегнат плаќање на ДДВ од 18% затоа што на регулираниот пазар ДДВ е 5%. Финансиска ќе ги гони сите фирми кои во период од седум месеци го злоупотребија енергетскиот систем – рече Бектеши.

Тој додаде дека од 100 компании кои се префрлиле на регулиран пазар, некои имале право да го направат тоа, а некои не.

– На листите има и големи фирми со над 50 вработени и казина и супермаркети – кажа Бектеши.

Министерот истакна дека граѓаните ќе обијат празнични цени на основните прехранбени производи по склучувањето на договорите на малите компании со ЕВН продажба, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Се очекува да бидат потпишани околу 1.000 договори со компаниите кои произведуваат храна, училиштата и малите фирми кои добија можност да купат струја по повластена цена од ЕВН Продажба. Меѓу нив се околу 600 пекари и тоа треба директно да влијае врз цената на намалување на лебот.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите