ГОБ „8 Септември“ првпат доби ротирачки магнет: пациентите ќе се снимаат и во стоечка положба

Од:

Пациентите кои имаат потреба од магнетна резонанца во Градската општа болница „8 Септември“ отсега ќе можат да направат снимања и во стоечка позиција. Со грант од 1,2 милни евра од Италија, болницата доби два нови апарата за магнетна резонанца кои денес директорот на болницата Христијан Костов, министерот за здравство Беким Сали, амбасадорот на Италија кај нас Андреа Силвестри и премиерот Димитар Ковачевски ги претставија како најсовремени и го промовираа новиот дијагностички центар во болницата.

„Она што е важно во однос на перформансите на апаратите, станува збор за најнова технологија на отворен магнет со опција за ротирање и единствен од ваков тип со опција за снимање на пациентот во стоечка положба. Има дијагнози и ситуации кога пациент најдобро може да се снима во стоечка положба. Апаратот е наменет за сите мускулно-скелетни апликации со нов пристап на дијагностика со магнетна резонанца со која ја зголемува дијагностичката точност. Поконкретно, магнетот и пациентот може да ротираат од 9 до 90 степени со што пациентот може да се постави во стоечка позиција при скенирањето. Исто така обезбеден и еден подвижен апарат за магнетна резонанца, а дополнително во рамки на оваа поголема набавка е обезбеден и апарат за ултразвук за оваа установа, како и апарати за ултразвук за други клиники“, рече министерот Сали.

Во тек е обука на кадарот кој ќе работи со новите апарати. Министерот Сали објасни дека на почетокот планот е да се снимаат по 15 пациенти дневно и постепено таа бројка да се зголемува. Тој нагласи дека во ГОБ „8 Септември“ по 7.000 пациенти годишно се снимаат на магнетна резонанца.

Директорот на болницата Христијан Костов, на промовирањето на новите апарати денес рече дека Италија има големо значење за болницата.

„Неговата екселенција Андреа Силвестри засекогаш ќе остане во историјата на ГОБ ‘8 Септември’ како еден од најголемите пријатели на вработените во оваа здравствена институција и на сите граѓани во нашата држава“, рече директорот Костов.

Амбасадорот Силвестри потсети дека овие апарати се само дел од помошта што Италија ѝ ја дава на Македонија оти се залага за европски стандарди и ќе ја придружува нашата земја на пат кон достигнување на тие стандарди.

„Во овој процес Италија сака да ја даде нејзината поддршка на конкретен начин, со бројни иницијативи за соработка кои одат од техничка до финансиска природа, од земјоделскиот сектор па сè до одбраната“, рече амбасадорот Силвестри, кој на денешната промоција на опремата зборуваше на македонски јазик.

Потсети дека Италија континуирано ја поддржува нашата земја, посебно здравствениот систем за кој смета дека заслужува посебно внимание поради што помогнале со 250.000 дози од вакцината „Фајзер“ во февруари, како и со споделување на резултатите од сите ковид-анализи.

Би можело да ве интересира

Писмен став на ХТЛ за изјавата на пратеникот Беким Сали од политичкиот субјект ВРЕДИ за набавка на видео лотариски терминали за потребите на НОВО ВЛТ

Сали нема информации за план за дестабилизација, го упати Мицкоски во Обвинителство

Горан Наумовски

„Вреди“ бара од Обвинителството да реагира по допрен глас за постизборна набавка на казино апарати

Филипче и Сали први на распит кај Мизрахи: Анкетната комисија за Онкологија почна со работа

A1on

Беким Сали го одобрил приемот на амбулантитите и исплатата, да престане да манипулира реагира Министерството за здравство

Беким Сали: Жртвите од Тетово изгореа по вторпат, а Ковачевски и Меџити го наградија Анѓушев

A1on