Тупанчески за сликите на Абази со ДУИ: Времето ќе покаже дали овие претпоставки имаат реална основа

Од:

Министерот за правда, Никола Тупанчески, ги видел фотографиите на новиот обвинител кој ќе шефува со обвинителите кои гонат организиран криминал и корупција Ислам Абази со челници на ДУИ. Прашан за коментар во однос дали ова веќе значи дека оваа партија има влијание врз Абази, тој рече, времето ќе покаже.

„Изјавата на мојот заменик, Нухиу, не беше дадена од Министерството за правда. Ги видов фотографиите кои имплицираат дека избраниот обвинител има комуникација со некоја политичка партија. Времето ќе биде главниот фактор кои ќе покажат дали овие хипотези имаат реална основа. Комуникацијата не може да биде исклучена, но да не биде злоупотребена“, кажа Тупанчески.

Според него, Законот за јавнообвинителска служба покажал одредени слабости кога е во прашање изборот на шеф на ОЈО-ГОКК.

„Не знам колку е благодарно да се коментираат состојбите за конкретната личност. Следејќи ги оние поставени дистинкции, сепак извршната власт е добро да се држи до своите надлежности. Не е неважно каков е изборот. Ова е трет обид за исклучување на надворешни влијанија со модел кој го тестираме. Сметам дека тој модел покажа одредени слабости“, додаде Тупанчески.

Тој веќе најави можни измени за да се пополнат недостатоците, особено во критериумите.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Ислам Абази има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Абази: Ќе го откриеме лицето кое му го дало мобилниот телефон на Васил Јованов

Министерот Лога се сретна со шефот на Обвинителството за организиран криминал за предметот за модуларната болница

Министерот за правда ги испрашува шефовите на Обвинителствата за случајот со модуларната во Тетово