Гласините во Холивуд велат дека Том Круз и по четврти пат би можел да застане пред олтар. Членовите на Саентолошката црква го советуваат познатиот глумец за совршената жена која би можела да стане новата госпоѓа Круз.
Тоа е Латино-американската глумица Јоланда Пекораро која што и предходно излегуваше со 50 годишниот актер.
,, Следниот брак на Том ќе биде со некој внатре од црквата,, рече стручњакот за Саентологија Марџери Вејкфилд.
Родителите на Јоланда се исто така посветени на Саентологијата. Јоланда го запознала Холивудскиот актер уште во 2004 година во Шпанија, на едно собирање на Саентолошката црква. Глумицата моментално живее во Лос Анџелес и има дечко.
,,Да, сум го запознала, и сеуште го познавам Том Круз. И не, не сум ни верена ни мажена,, рече убавата Јоланда.
После јавниот развод на Том Круз и Кејти Холмс, саентолозите сакаат да го поправат угледот на нивниот славен припадник, а дали Јоланда Пекораро е неговата нова избраничка ќе видиме наскоро.