Обама говореше за маршот на Мартин Лутер Кинг и за социјалната борба

Од:

Неколку десетици илјади граѓани се собраа вчера пред споменикот на претседателот Абрахам Линколн во центарот на Вашингтон, во чест на 50 годишнината од Маршот на Вашингтон, историскиот собир предводен од свештеникот Мартин Лутер Кинг, за правата на Афро-американците.

На вчерашниот собир, на граѓаните им се обратија претседателот на САД Барак Обама и двајца од четворицата живи поранешни претседатели, Бил Клинтон и Џими Картер, како и десетици други говорници, меѓу кои и учесници во оригиналниот марш, легендарниот кошаркар и политички активист Бил Расел, водителката Опра Винфри и многу други.

Претседателот Обама се обрати малку по 3 часот, откако беше заѕвонето ѕвоното од Баптистичката црква од 16-тата улица од градот Бирмингам во Алабама, црква која служела како собиралиште на Мартин Лутер Кинг и неговите соборци, и во која неколку месеци по маршот бели расисти подметнале бомба која убила четири афро-американски девојчиња.

Обама во својот говор се осврна на нивната жртва, како и на жртвата на самиот Мартин Лутер Кинг, убиен во 1968 година, на патот кон гарантирање на целосната еднаквост на Афро-американците и другите малцинства во САД.

– Бидејќи тие продолжија да маршираат, Америка се смени. Бидејќи маршираа, беше донесен законот за граѓански права. Бидејќи маршираа, беше донесен законот за правото на глас, се отворија вратите на перспективите и на образованието, за нивните ќерки и синови да можат да замислат живот кој ќе биде нешто повеќе од само перење на туѓи алишта и чистење туѓи чевли, изјави претседателот Обама.

 

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас