Обама се уште не донел одлука за Сирија, Конгресот бара да биде консултиран

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека одлуката за воен напад врз Сирија се уште не е донесена и потврди дека, ако донесе таква одлука, нејзина цел нема да биде уривање на режимот на Башар ал Асад, туку само да се испрати предупредување против употреба на хемиско оружје.

Претседателот, во разговор за јавниот телевизиски сервис Пи-би-ес, даде аргументи и во поддршка на потребата од таков напад.

– Предупредувачки истрел, кој би кажал, престанете да го правите ова, може долгорочно да има позитивен ефект врз нашата национална безбедност, и може да има позитивен ефект во смисол дека хемиското оружје нема да биде насочено кон недолжни цивили. Кога зборуваме за хемиско оружје во земја која ги има најголемите резерви на хемиско оружје во светот, и нивната контрола врз ова оружје може да ослабне, и која е поврзана со познати терористички организации кои во минатото ги нападнале САД, тогаш, постои можност овие хемиски оружја кои би имале разорно дејство да бидат употребени против нас. Сакаме да се осигураме дека тоа нема да се случи, изјави претседателот Обама.

По минатонеделниот напад со хемиско оружје врз цивилни цели во близината на Дамаск, американската администрација побара активност од Обединетите нации, и потоа соопшти дека е соочена со руска блокада во Советот за безбедност, по што повеќе извори во Белата куќа информираа дека САД планираат да дејствуваат самостојно.

Во меѓувреме, спикерот на Претставничкиот дом на Конгресот на САД Џон Бојнер упати писмо до претседателот Обама во кое бара од него да се обрати пред конгресмените и да ги објасни причините и целите на евентуалната воена операција против Сирија.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас