Бајден му ја честиташе изборната победа на Нетанјаху

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа му честиташе на лидерот на израелската опозиција, поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху, за победата на минатонеделните парламентарни избори.

Како што соопшти конзервативната партија Ликуд на Нетанјаху, Бајден му рекол на Нетанјаху дека е посветен на Израел и дека оваа посветеност не е доведена во прашање.

Во разговорот со Бајден, кој траел осум минути, Нетанјаху оценил дека двајцата заедно можат да придонесат за склучување на нови историски мировни договори и дека односите меѓу САД и Израел се „силни како и секогаш“, соопштија од кабинетот на Нетанјаху.

По изборите на 2 ноември, Нетанјаху се очекува официјално да добие мандат за формирање нова влада оваа недела, а потоа да формира коалиција со екстремно десничарските верски партии Шас, Обединетата Тора јудаизам и Верски ционизам.

Американските власти изразија загриженост дека новата влада најверојатно ќе го вклучи екстремниот десничар, еден од водачите на верскиот ционизам, Итамар Бен-Гвир.

Нетанјаху беше сменет минатата година по 12 последователни години на власт. Тој беше премиер најдолго во историјата на Израел, вкупно 15 години.

Победата му ја честитаа светските лидери, вклучително и францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Риши Сунак, украинскиот претседател Володимир Зеленски, унгарскиот премиер Виктор Орбан, индискиот лидер Нарендра Моди и неодамна избраната италијанска премиерка Џорџа Мелони, јавуваат израелските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД