Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Од:

Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, ќе се изведе на 11 ноември со почеток во 20.00 часот.

На сцената на Националната опера и балет ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат солистите: Благица Поп Томова во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Операта „Норма“од Винченцо Белини на сцената на Националната опера и балет