Мицкоски: Лидерска средба за проблемите на граѓаните, а не за уставни измени

Од:

Покана се уште немаме добиено и не го знаеме форматот на лидерската средба, не ја знаеме содржината и темите на кои што би се разговорало, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе присуствува на лидерска средба што ја најави премиерот Димитар Ковачевски.

Мицкоски вели дека доколку се одржи лидерска средба тогаш треба да се разговара за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, а не за уставните измени.

– Мојот совет до владата и до Ковачевски е доколку се случи таа лидерска средба да разговараме за она кое што е навистина голем проблем за граѓаните, тешкиот живот, економската состојба на граѓаните, ниските плати, ниските пензии, високите сметки кои ги плаќаат граѓаните, инфлацијата, енергетската криза која што со паѓањето на температурата веќе ќе ја почувствуваме сите, тоа се оние суштински проблеми кои и според мерењето на јавното мислење, но и општествено вака што можеме да ги слушнеме од граѓаните се актуелни. И како одговорни политичари треба да разговараме за надминување и решавање на тие проблеми, вели Мицкоски. Ако некој мисли дека ќе наметне теми кои што поларизираат како што е за промена на Уставот, па дека ВМРО-ДПМНЕ ќе седне на таа лидерска средба, па сега ние ќе зборуваме за нешто што е познато и константа во јавноста, тогаш се лаже, бидејќи ставот на ВМРО-ДПМНЕ е познат во јавноста, а тоа е непроменлив, односно дека под овие околности промена на Уставот нема, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кичево: Народот е изморен од лаги и празни ветувања – опозицијата „боледува од вирусот на безидејноста“

А1он

СДСМ: Дали власта спрема огромна корупција: Ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана

Предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите треба да помине пред изборите

Катерина Ѓуровски

Македонија ќе ја следи Европа во политиките за санкции кон Русија

Катерина Ѓуровски

Македонија и „Казанџи Холдинг АС“ со нов енергетски проект вреден милијарда евра

Владата ги демантира наводите во писмото од родителите на жртвите од „Пулс“