Шефот на Вагнер го испофали Зеленски

Од:

Основачот на руската приватна воена компанија Вагнер и близок соработник на Владимир Путин, Евгениј Пригожин, денеска го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски, опишувајќи го како „силен и самоуверен лидер кој не треба да се потцени“.

Денешните коментари на Пригожин уште еднаш го нагласуваат неговиот сè повидлив јавен профил, но и противењето на официјалната пропаганда на Кремљ, според Скај њуз.

„Иако тој е претседател на земја која во моментов е непријателска кон Русија, Зеленски е силен, самоуверен, прагматичен и добар човек“, рече Пригожин во изјавата објавена на социјалната мрежа Вконтакте од одделот за односи со јавноста на неговиот Конкорд.

„Не го потценувајте“, додаде Пригожин.

Руската политичка аналитичарка Татјана Становаја рече дека е „интересно“ што Пригожин искажува ставови кои се спротивни на оние на Владимир Путин, кои другите луѓе од руската владејачка елита не се осмелуваат да ги искажат во јавноста.

Не е првпат Пригожин да излезе во јавноста со ставови кои се разликуваат од официјалната линија на Кремљ. Во последните недели, заедно со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, тој го исмеваше настапот на руските генерали во Украина.

Минатиот месец тој првпат јавно потврди дека ја основал Вагнер, приватна воена компанија која се борела за интересите на Путин во Сирија, Африка и Украина. САД и ЕУ одамна воведоа санкции за Пригожин поради активностите на Вагнер.

Сепак, аналитичарката Становаја не верува дека Пригожин се обидува да дојде до формална позиција на моќ: „Мислам дека за него тоа е повеќе „бизнис проект“ што се обидува да му го „продаде“ на Путин за да се поврзе уште повеќе со Кремљ“.

Би можело да ве интересира

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ