Пилотот на Ред Бул, Марк Вебер посочи дека неговиот сонародник Даниел Рикардо ќе го наследи во тимот по неговото повлекување од Формула 1 на крајот на сезоната.
„Одлуката е донесена. И ние веќе знаеме кој ќе биде. Задоволен сум од одлуката. Тоа е добро за него и за Австралија”, рече Вебер пред австралиската телевизија Channel 10.
Рикардо во моментов вози за вториот тим – Торо Росо, но негираше дека е дојдено до договор за преминување во водечкиот тим.