ССМ најавува штрајк во „Водовод и канализација“, одлуката ќе биде потврдена в среда

Од:

На вчерашната седница на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Водовод и канализација Скопје – ССМ едногласно е донесена Одлука за користење на правото на штрајк што ќе доведе до повикување и поведување на штрајк во ЈП Водовод и канализација Скопје, а во согласност со Законите информираат од од Сојузот на Синдикатот на Македонија денеска.

– На вчерашната седница, синдикалците известија за големите притисоци кои се вршат врз вработените и членовите на органите на синдикалната организација кои раководството на чело со в.д директорот Митовски ги прави, а како последна информација за која се загрижени вработените е дека в.д директорот Митовски подготвува нови дисциплински постапки против повеќе од 40 работници членови на синдикатот во кој дел се и претседателот на синдикатот во ЈП Водовод и канализација, Кашиковски – се истакнува во соопштението.

Од таму додаваат дека „поради тоа што в.д директорот Митовски и покрај тоа што во изминатиот период беше констатирано дека свесно прекршувал одредби од Закон и одредби од колективниот договор, продолжува со неговиот нечовечки однос и се осветува на синдикалците и работниците во претпријатието ЈП Водовод и канализација Скопје и праќа пораки со заканувачка содржина, едногласно синдикатот одлучи да го користи правото на штрајк“.

Од ССМ дополнуваат дека во среда одлуката ќе биде потврдена и на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ по што веднаш ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика за веднаш да биде определен помирувач и да за запазат законските обврски од страна на организаторот на штрајкот, а ќе биде известен и в.д директорот, Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација Скопје, Градоначалничката Арсовска и советнички групи во градот Скопје согласно Законите.

– Писмено предупредување ќе биде доставено и до в.д директорот за причините за намерата за најава за штрајк во ЈП Водовод и канализација Скопје во согласност со закон. По завршување на законскиот рок, вработените во ЈП Водовод и канализација Скопје стапуваат во штрајк кој ќе се одвива на нивните работни места во работно време со неизвршување на работните обврски како и преку изразување на други облици на работничко незадоволство – се наведува во соопштението .

Од Синидкатот исто така најавуват дека во текот на утрешниот ден, СУТКОЗ при ССМ ќе излезе на прес – конференција пред седиштето на Градот Скопје каде што ќе биде презентиран Извештај од специјалист – неуропсихијатар за сериозното нарушено ментално здравје на лицето в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, кое во никој случај не смее да раководи со јавна институција.

– Доколку и тоа го игнорира Градоначалничката Арсовска, јавно ќе биде повикана и прашана дали таа ќе одговара доколку му се случи нешто на некој работник, како и дали таа ќе одговара доколку се наруши процесот на функционирање на ЈП Водовод и канализација Скопје како претпријатие од витално значење, особено ако се има во предвид дека ова лице како в.д Директор, има пристап до клучевите од изворот во Рашче од кој се снабдува со вода за пиење Градот Скопје – се посочува во соопштението.

Додаваат дека, доколку градоначалничката Арсовска не реагира на сите докази за незнаконското работење на Митовски, пресудите за сторени сериозни кривични дела со затворски казни, Извештајот од специјалист – неуропсихијатар за сериозното нарушено ментално здравје на лицето в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, „ние како работници ќе побараме итна седница на Советот на Град Скопје уште во среда како и помош од сите надлежни институции во Државата се со една цел да се обезбеди заштита и здрави и безбедни услови за работа на работниците кои во овој момент во претпријатието никој не може да ги гарантира, но и нормално и непречено функционирање на претпријатието“.

– Работниците се одлучни да го остварат своето законско право на штрајк, а Градоначалничката Арсовска да не биде нема и да не избегнува средба со синдикатот и да реагира зошто овој в.д директор со овие докази и дела не смее да биде вршител на јавна функција, а укажуваме и на надлежните институции како и Советот на Градот Скопје веднаш да преземат мерки против в.д директорот Митовски со една цел заштита на работниците во претпријатието и интересот на граѓаните кои се корисници на услугите на истото – се додава во соопштението на ССМ.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори