СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се директно поврзани со бугарските клубови и со Ванчо Михајлов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е директно поврзана со бугарските клубови отворени во Битола и Охрид, кои носат имиња на контроверзни и провокативни историски личности, го потврдува континуитет на опозициската партија со Ванчо Михајлов и се гордее со него велат од СДСМ.

– Самиот Мицкоски го потврди континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ во своето делување со Ванчо Михајлов, соработник на Третиот рајх. ВМРО-ДПМНЕ е идеолошки поклоник на луѓе што биле извршители на Третиот Рајх, го слави и велича делото и улогата на Ванчо Михајлов. ВМРО-ДПМНЕ во чест на Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави негова восочна фигура во музеј во Скопје. Припадници на ВМРО-ДПМНЕ учествуваа на отворањето на бураскиот клуб во Битола, а Мицкоски се слика со основачите на бугарскиот клуб во Охрид. ВМРО-ДПМНЕ заглавена во минатото, на граѓаните нема што да им понуди освен изолација и враќање назад се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста