(ВИДЕО) Мицкоски од Благоевград: Нашето право да бидеме Македонци е неприкосновено, ова право не е признато во Бугарија

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пристигна на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

– Тука сме да ви поддржиме нашинците, Македонците од оваа страна на границата и да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија. Во 21 век никој не треба да има дилема за разговара за ова. Нашето право да се определиме како Македонци е неприкосновено според сите меѓународни акти и затоа денес сме тука за да ги поддржиме нашите Македонци во Бугарија – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прашан зошто Македонија не го признава правото на македонските Бугари, тој рече:

– Во македонскиот Устав правото на сите малцинства е признато според меѓународните стандарди. Прашањето е зошто правото на Македонците не е признато во Бугарија. Ние сме причината што обединува, а не подгрева тензии и ние сме горди што можеме да бидеме денес овде на отворањето на клубот – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски