Мицкоски: Ќе бидам утре во Благоевград да дадам поддршка на Mакедонците од Бугарија

Од:

При денешната посета на општина Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на Маричиќ, Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски дека не чувствуваат потреба да одат на отворањето на македонскиот клуб во Бугарија и отсуството на државниот врв, изјави дека тоа е одлична можност да се покаже национално единство и грижа за македонскиот народ но жали што тие одлучиле да слугуваат на туѓи интереси, наместо на интересите на својот народ, а тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат утре во Благоевград.

„Тоа беше одлична можност да покажеме единство, да дојдат сите таму, и да им дадеме поддршка на нашинците од Пиринскиот дел на Македонија, од Бугарија, јас ќе одам утре, на тој начин што мислам дека ќе значи тоа и за нашите, за повеќе самодоверба, поддршка плус од овде дека не забораваме, дека напротив, планираме и понатаму многу интензивно да ги поддржуваме нашите од таа страна на границата во соседна Бугарија, и тоа е одличен настан за да покажеме дека тоа што го зборуваме дека се грижиме за македонскиот народ, за македонскиот идентитет навистина се грижиме а не го зборуваме тоа само со празни зборови и реченици. Многумина гледам на јавната сцена сакаат да направат знак на равенство помеѓу тоа што го прават со отворање на бугарски клубови, кои што носат фашистички имиња и ова што го прават нашите Македонци во соседна Бугарија со името на Никола Јонков Вапцаров но тоа не е така, затоа што Вапцаров обединувал,поврзувал, спојувал, за разлика од да речеме случајот овдека во Охрид каде што јасно и недвосмислено, практично имаме локален клуб кој што носи име на соработник на нацистичкиот режим и фашистите за време на Втората Светска Војна. Уште еднаш ќе кажам и ќе повторам дека ова беше одлична можност државниот врв да дојде да покажеме национална единство, жалам што тие одлучуваат да слугуваат на туѓи интереси, наместо на интересите на својот народ но ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе бидеме утре во Благоевград“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

Мицкоски: Сакаме јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност

Горан Наумовски

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја